Dec 1, 2012

Clipper , програмски јазик ( што , како, зошто )

CLIPPER 5 - КЛИПЕР 


Иако знам дека јазиков е "изумрен", незнам зошто ипак сум фасциниран од неговите можности за тоа време , и тоа тоа време ама ептен ептен далечно негде околу 1985.. негде од прилика во времето на Windows 1.0 и нормално MS-DOS.

Clipper e јазик створен за обработка на датабазе , почетоците на базете и апликациете со повеќе табели и самата DBASE III технологија е основа во овој програмски јазик. 

Доста околу историјава и не е толку интересно , иако има стварно долга историја интересно е што овој јазик и ден денеска се користи во многу апликации и дури и во огромни фирми иако поддршката за него е одамна изгасена , јас како млад и сеуште неискусен  програмер заради случајни околности се најдов да работам во фирма каде што софтверот е изработен и сеуште се оддржува во Clipper.

Многу постари програмери ќе се потсетат или можеби сеуште работаат во овој јазик и се надевам дека со серија на блог постови ќе им помогнем или ќе добием некоја помош и поддршка од нив за "oживуање" на овој јазик .

Верувале или не сеуште се барани луѓето со вакво знаење ,се помалку има кој да ги оддржува ваквите стари апликации а нивната преработка или не е возможна или е прескапа.

За почеток би секал да ви покажам некои основни работи како изгледа кодот како се сетира , кои се предностите на старите дос апликации и кои се маните но и како да ги преведете вашите стари апликации да работаат под дос во новите Windows (8 и 7 - 64 битни верзии околини ) па дури ќе се потрудам и некоја дос апликација да портирам и на некој линукс базиран оперативен систем. 

Се што ќе објавам во оваа серија блогови е најдено од интернет , пробано подобрено или поедноставено , и ќе им помогне на доста луѓе околу сетирањата поврзани со ДОС апликациите .

Сепак овој блог е од информитавен карактер а и ќе ми помогнем да не го заборавам овој јазика и ќе има каде да се потсетам јас и моите колеги програмери..
Многу малку има по интернет за твитер посебно на македонски нема ич, или пак на некој балкански јазик, а најголемата инспирација за пишување и покренување на ваква иницијативе ми дојде од следниве блогови, и највеќето содржини се од таму .


No comments :

Post a Comment