Dec 1, 2012

Повеќе јазичност во Visual Studio



Превод на форми во Visual Studio

Сите што го користеле Visual Studio ( било која верзија )  за изработка на апликација со повеќе јазици ( да бидеме реални ова во македононија секојдневние :) ) сигурен сум дека имале барем еден или повеќе проблеми при превод на повеќе јазици.

Да прекомплицирано и одзема премногу време , да за секој јазик одиш контрола по контрола и ги менуваш Text пропертито за сите можни јазици што ќе ги користиш од Language листата на некоја Windows форма.




Добро познатите .resx фајлови се страшно растурени низ фолдери па има , нема фалата па нешто содржат грешно ,  со еден збор мака мачење.

Има некој начини и исто така препораки за избегнување на преводот со користење на статички  .resx фајлови и тиа да ги замените со некои динамички кои ќе се превеземаат/лоадираат од база , да ова е едно од можните решенија но бара повеќе пишување на код а и дефинитивно одзема повеќе ресури ја замара базата со непотребни requesti за обичен превод на стрингови , секако ова може да се оптимизира но сепак кој има време да се замара со кодот за јазици.

Решение за овој проблем кој ми скрати некој 2 години од животов најдов во едно бесплатно програмче наречено Zeta Resource Editor

Програмчето е доста едноставно само му ги наведувате фајловите и тој си креира своја база на податоци а потоа истата ја запишува по соодветните ресурс фајлови , со што ви овозможува лесен превод на формите и некој 10 пати побрз начин.
Посебно е добар за главоболките кој ресурс фајловите ги создаваат доколку корисите
 ТФС ( Team Foundation Server )


Пробајте го нема да зажалите , се надевам дека ќе ви ги олесни секојдневните маки при превод на апликации во Visual Studio 


No comments :

Post a Comment