Jan 31, 2013

Темната страна на youtube.com






Ова видео е толку забегано што ретко еднаш ќе го најдете случајно .. ќе ве згрози и насмее у исто време, има над 12 милиона гледаност...
дефинитивно страната на youtube што не сакате да ја откриете :)

Jan 7, 2013

Девојката со шарени чорапчиња




Крајот на тоа лето ... прекрасно лето со многу смеа радосни моменти исполнети со многу алкохоли , опојни средства и други глупи работи што може да ти го напраа животот ужасен а ипак да те утеша.. когај и после разни обиди , чудни сваќања без полесни објаснуања се трудиш да се покажеш у право светло према тиа што ги осеќаш најблиски .. дур пред све остали си кретен без чувства идиот кој би напраел што било да испадне фраер...

Да да тоа са тиа детски глупи периоди когај сакаш да бидеш COOL , све е тоа убоо и изгледа прекрасно дур не сватиш дека некој од тиа моменти не по твоја желба ти го смениле животот.
дека све проблеми глупости кој после одреден период на неубаај случке ќе те натераа да станеш нешто што не сакаш да бидеш..

Ипак све ова се сведуе на една најобична глупост настаната од муабети заради тиа моменти когај си као демек фраер, да моментот когај ради све тоа ќе сватиш дека си страдал, и дека у свака си ја барал таја една личност што те знае најубоо од свите други а ипак им веруе на глупостите што ги слушнала.. најлошото е што тоа трае... многу многу долго.