Jul 19, 2013

Планинарски поход „Ѓинов Камен 2013“ на 21.07.2013 - https://www.facebook.com/events/634491163229752/




https://www.facebook.com/events/634491163229752/


Почитувани,

Планинарскиот Клуб „Јелак“, и годинава го организира традиционалното искачување кон Ѓинов Камен.
Искачувањето е на 21-ви јули (недела), со поаѓање во 07:30 часот од манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј“ во с. Лешок. (Тетово)

Пешачењето воглавно е низ шума, а пред самата цел - Ѓинов Камен (1666 м.н.в.) се одвива на отворено, на пониските пасишни предели на Шар Планина. Патеката долга 6 km., поминува низ с. Варвара, и е идеална за почетници, но е и добра прилика за поискусните планинари.


1. Организиран е превоз до с. Лешок во недела сабајле, со тргнување во 06:45 од пред ДОМОТ НА КУЛТУРАТА (библиотека, поранешен ресторан „Чардак“) (ТЕТОВО)
* пријавување за превоз, НАЈДОЦНА до сабота попладне (18:00h) исклучиво (не на фејсбук) на следните броеви:
- 078225034 - Цули
- 071663207 - Бошко
- 071787335 - Даци

2. Секој којшто е заинтересиран, може да се пријави за преноќување во сабота, во шаторско сместување, во кругот на манастирот „Св. Атанасиј“, кадешто вечерта,
на сопствен трошок заеднички ќе се организира вечера и пиење. Во сабота, собирно место е на паркингот пред Веро, во 16:00h, од каде што тргнуваме за Лешок.
* собирање пари за вечера и пиење, на лице место пред да се тргне
* заинтересираните за преноќување во шатор да имаат вреќа за спиење, топла облека и слично
* пријавување за преноќување НАЈДОЦНА до петок попладне (18:00h) на истите броеви
* местата за спиење во шатори се ограничени

3. Дополнителни информации, може да се добијат на горенаведените броеви


https://www.facebook.com/events/634491163229752/


Jul 12, 2013

Jul 5, 2013

Колекција на нај психоделични МАКЕДОНСКИ филмови


Дефинитивно имамо едни од најдобри филмој штета што не смо развиена земја па да може добро да се испромовираа..

Отворено е за предлози и ќе бида додадени..

Еве неколку од нив..

1. Збогум на 20 вет - Прекрасно нешто исполнето со музиката на АРХАНГЕЛ



2. Самоуништување 1996



3. Тетовирање



4. Среќна нова 49та 



5.  Илузија

6. Превртено 



Има уште многу .. ама сеа не ми текнуаа бш кој има предлог нека пише слободне у коментар ПП, или маил.