Feb 25, 2013

Facebook Приватност - Подобра заштита на приватноста


Незнам на колку места сте виделе или прочитале за истово ама мислим дека вреди да се обрне подобро внимание, уште пред некој ден стварно се накурчив со претеруањето на секоја македонска страна што објавува глупави новости и вести , при секој линк при секое кликање ви зема пермисии и потоа и ги шири линковите преку вашите профили.

Па добро бе људи дали сте нормални , глупи или едноставно не вие гајле што вашите пријатели ги замарате со вашето не пазење што клката, ќерка е од цеца станала одсабајле рано чекај да го видим ова, аа  Go to app, Прифаќам, ок и следната секунда зидот преполн, вашите податоци искористени , емаил адреста - еден куп спам , вашите основни податоци во најмала рака , адреса на живеење, слика, објавени статуси  се зависно од кој перимиси ќе дозволите .

Овој екран сте го виделе милион пати до сега


ги зедов овја лајкуваме ко пример не намерно но ако видите што се споделувате со нив глава ќе ве заболи, кликните само на прашалникот до Your basic info .

Feb 13, 2013

Foltin - Концерт (Видео со добар квалитет)



01. The tip of the tongue
02. I like to be a horse
03. Lo-Le-Ta-Too
04. Prsti prsti
05. Milice
06. Oblacite i neboto
07. Ding Dong
08. Donkey Hot



Видео од СКАЈ нет телефизија , објавен концертот на Фолтин малку можеби поодамна,но поради квалитетот на групата вреди да се зачува и лесно да биде најдено , а со цел и да се промовира овој прекрасен македонски бенд.

Па кој сака изволте нека ужива.

500 Internal server error - TFS 2010 - Проблем





Првиот пат кога инсталирав TFS 2010 ( Тeam Foundation Server ) за Visual Studio 2010 , наидов на проблем , кој не успеав да го решим , без поголеми чекори  ( преинсталација на  Windows i TFS i VS 2010 ) .

Тоа беше пред година време , иако сега успешно имам поставено ваков сервер и се си работеше добро долго време , вчера одеднаш серверот престана да работи.

Проблемот се јави одкако врз инстсалираните последни верзии на .NET framework мене ми притреба  инсталација на .net 1.1  за една постарата програма. 

Одкако инсталацијата заврши усшешно , и се си беше во ред пробав да се конектирам на некои од мојте софтверски решенија, и добив error дека серверот не е достпен контактирајте со администраторот ( у случајов јас ).

Нормално после одредено време гуглање , сватив дека проблемот не го креира TFS2010 иако направив update на него на последниот service pack, туку проблемот настанал на локалниот IIS server и неговите ISAPI филтри. 

Грешката беше премногу глупава, и едноставна за поправка , дебугингот ептен лош да немав предхнодно искуство со истава грешка и да не знаев дека е нешто околу .NET  framework,  ќе се откажев и ќе си преинсталирав се по ред. 

Затоа и сакав да го напишам овој блог како туториал и потсетник како да се справите со ваква грешка која се јавува поради некомпатибилност на .нет 1.1. со поновите верзии. А во едно ќе ми остане и на мене како потсетник да не се чудам нареден пат што муе. :)



1.  Во старт -> RUN( Search)  Пишете  inetmgr
2.  Кога ќе ви се појави Internet information service - Manager ot,  одберете следново ISAPI FIlters


3. Од излистаните филтри проверете ги патеките ,
проблемот беше што една од патеките наместо една коса црта содржеше две  ( \\   - >   \ ).   Поправете секаде !!!!

4. Рестартирајте го IIS серверот и се ќе профункционира без проблем.


Можеби е ова многу едноставен проблем , но дефинитивно ќе изгубите многу време во дебагирање поради основна работа , и мал проблем со запишување на патеките.


Толку од мене се надеам дека некој ќе го најде решениот за својот проблем со TFS 2010 овде.






Feb 6, 2013

Темната страна на youtube.com x2

Само уште две епизоде од забеганава страна на youtube клипој со ептен забегана содржина што имаа доста гледаност :)

Конвертор Од PDF у кој било Office формат ( ворд , ексел ... )




Незнам колку на други ќе им користи , али до сеа доста корисници ме прашале како да смена нешто у PDF или како да го конвертираа у ворд.

Feb 5, 2013

"Учи за да научиш да програмираш" - за сегашни студенти и идни






Епа вака сега текстов е инспириран дефинитивно од колумната на Дамир Незири 
Учи за да не работиш.

Многу ми се допадна колумната и дефинитивно нешто што ми остае добар впечаток , мора да го пофалим Дамир за ептен добро сработената работа.

Тотално се сложуем со него у целост, да кј нас у државава наша свите ида на факултет и кој треба и кој не треба, зошто? да свите треба да имаа шанса  ама искрено ако не ти се учело што се мучиш најди нешто што те исполнуе или што сакаш да го праеш и надградуај се у таја област, пример ако сакаш да бидеш информатичар што мајка бараш на медицина, или обратно.