Oct 10, 2012

Информатичко општество - Are you fucking kidding me ?


Незнам кој колку е информиран , али деној ве се дешаваа огромни измене у софтверот што го користа болницеве низ Тетово а богами и низ другиве градој.

Фондот за Здравство на Р.М , знаете онаја институција на која свите и даваа пари со цел здравството да биде бесплатно ( а не е ) , дел од вашите пари ( тиа што се осигурани или земаат плата ) одат во фондот за здравство директно на нивна сметка.. иако нашава драгоцена влага тврди дека здравството е бесплатно за сваки граѓанин тоа у реалност не  е таке и свите са свесни за тоа , али нејсе не е тоа поентата на блогов.

У тој наш фонд работаа еден куп програмери и го изработуаа апликациете со кој подрачните ( градските ) единице на фоднот ги пренесуаа податоците од болниците.. све тоа навидум функционирало како некое информатичко здравство..

Се дешавале многу преваре и многу не реални работи по болницеве факт, се идело без плав картон попознат како бонче факт, сега со новиот систем на фондот све тоа ќе се доведе до најниска стапка. Ова е голема предност и е за пофалба конечно нешто да почне да функционира правилно.. али ако е све ова ок тогаш што е проблемот ?

Имате милиарда податоци за еден куп људи , до нив има пристап кој било вработен или шалтерист или обичен смртник , заштита на податоци никаква... софтвер со кој се работа никаков без ниеден вид на енкрипција , најголема заштита пасворд.. интранет со приступ до интернет преку WIFI, друг свите болнички апликацие мора да се прилагода на таја од фондот која е со еден куп нелогичности кој дури ни самите програмери ( одговорни личности за поддршка ) неможа да дада одговор на ниедно прашање.

Додека министерот за здравство се фали дека има електронска валидација за платени придонеси , на пола и више од нив не е стигнато , или како што они викаа плаќањата не им са префрлени од старата апликација, и таке народот изреволтиран  чена здравствени картони некој може и на зорт а ради новото електронско здравство неможе да прима никого без плав картон.. а фондот се засекирал дали некој од пресметкете имаа напишано број на упут :)

Прашањето е јасно , што праа толку вработени во фондот а ништ неможе да се заврши без процедура од 2 дена , па кј е тука информатичкото општество ?
Немојте само некој да ми каже дека ова е сеа на почеток и дека затоа што е у тест фаза е ваке , ова све се дешава појќе од 10 године..

Секоја чест на владава што оствари толку вработувања со неписмени људи.. 

No comments :

Post a Comment