Feb 13, 2013

500 Internal server error - TFS 2010 - Проблем





Првиот пат кога инсталирав TFS 2010 ( Тeam Foundation Server ) за Visual Studio 2010 , наидов на проблем , кој не успеав да го решим , без поголеми чекори  ( преинсталација на  Windows i TFS i VS 2010 ) .

Тоа беше пред година време , иако сега успешно имам поставено ваков сервер и се си работеше добро долго време , вчера одеднаш серверот престана да работи.

Проблемот се јави одкако врз инстсалираните последни верзии на .NET framework мене ми притреба  инсталација на .net 1.1  за една постарата програма. 

Одкако инсталацијата заврши усшешно , и се си беше во ред пробав да се конектирам на некои од мојте софтверски решенија, и добив error дека серверот не е достпен контактирајте со администраторот ( у случајов јас ).

Нормално после одредено време гуглање , сватив дека проблемот не го креира TFS2010 иако направив update на него на последниот service pack, туку проблемот настанал на локалниот IIS server и неговите ISAPI филтри. 

Грешката беше премногу глупава, и едноставна за поправка , дебугингот ептен лош да немав предхнодно искуство со истава грешка и да не знаев дека е нешто околу .NET  framework,  ќе се откажев и ќе си преинсталирав се по ред. 

Затоа и сакав да го напишам овој блог како туториал и потсетник како да се справите со ваква грешка која се јавува поради некомпатибилност на .нет 1.1. со поновите верзии. А во едно ќе ми остане и на мене како потсетник да не се чудам нареден пат што муе. :)



1.  Во старт -> RUN( Search)  Пишете  inetmgr
2.  Кога ќе ви се појави Internet information service - Manager ot,  одберете следново ISAPI FIlters


3. Од излистаните филтри проверете ги патеките ,
проблемот беше што една од патеките наместо една коса црта содржеше две  ( \\   - >   \ ).   Поправете секаде !!!!

4. Рестартирајте го IIS серверот и се ќе профункционира без проблем.


Можеби е ова многу едноставен проблем , но дефинитивно ќе изгубите многу време во дебагирање поради основна работа , и мал проблем со запишување на патеките.


Толку од мене се надеам дека некој ќе го најде решениот за својот проблем со TFS 2010 овде.






No comments :

Post a Comment